Гвардиола: Притисокот во Барселона е неподнослив

Гвардиола-Притисокот-во-Барселона-е-неподнослив.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Чави Ернандез, актуелниот тренер на Барселона, објави дека на крајот од сезоната ќе го напушти клубот.

Во клубот сега ќе мора да најдат нов тренер. Според медиумите неколку имиња се во комбинација. Фаворит на претседателот Џоан Лапорта е Пеп Гвардиола, но во овој момент не постојат никакви шанси тој да се врати во клубот. Барселона е во лоша финасиска ситуација и Гвардиола има цврст договор со „граѓаните“.

„Целосно го разбирам Чави, ја разбирам неговата одлука. Притисокот во Барселона е неподнослив. Не може да се спореди со ниту еден друг клуб. Кога ја напуштив Барса, морав да паузирам три месеци. Тоа ве заморува и физички и пред се психички“, изјави Гвардиола.

Еден од најдобрите тренери во светот истакна дека работата во Англија е многу полесна.

„Во Сити ги имам условите кои секој тренер може само да ги посака. Атмосферата е одлична, навивачите и управата ме поддржуваат. Англија е идеално место за работа. Секако дека има многу натпревари, конференции, но некако сè оди лесно. За разлика од нив, во Шпанија има постојана тензија“, изјави Гвардиола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK