Во Истанбул денеска е извршен вооружен напад врз автомобилот во кој се наоѓал турскиот бизнисмен Хакан Џенгиз и неговата сопруга Зехра Џенгиз.
Семејството Џенгиз не е повредено, а нивниот возач бил застрелан во главата и пренесен во болница.
Обидот за атентат се случил денеска додека бизнисменот и неговата сопруга се движеле со автомобил управуван од нивниот возач, кога лица со мотори се доближиле до возилото.
Напаѓачите испукале четири куршуми кон возилото и го застрелале возачот во главата, а потоа избегале со мотори. Автомобилот во кој се наоѓал турскиот бизнисмен потоа излегол од контрола и удрил во возилата кои се движеле пред него.
По обидот за убиството на местото се испратени бројни полициски и медицински екипи.