ЕУ свика итен самит за Украина

ЕУ-свика-итен-самит-за-Украина.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјите-членки на ЕУ треба на вонреден самит в четврток да ја потврдат својата решеност да продолжат да и помагаат на Украина онолку колку што е потребно, се вели во нацрт-заклучоците на Европскиот совет.


„Европскиот совет потсетува на своите претходни заклучоци и ја потврдува својата непоколеблива посветеност да продолжи со обезбедување силна политичка, финансиска, економска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка за Украина и нејзиниот народ онолку долго колку што е потребно“, се вели во нацрт-заклучоците, според Хина.

Нацртот, исто така, ја наведува решеноста на ЕУ и земјите-членки да обезбедат „навремена, предвидлива и одржлива воена поддршка за Украина, особено преку Европскиот мировен фонд (ЕПФ) и преку Мисијата за воена помош на ЕУ, како и преку директна билатерална помош на земјите-членки, во согласност со потребите на Украина.“ Во текстот се спомнуваат и дополнителни 5 милијарди евра воена помош за Украина преку Европскиот мировен инструмент, но оваа сума сè уште е предмет на промена.

Документот, исто така, ја повторува итната потреба да се забрза испораката на муниција и проектили. ЕУ вети дека ќе и снабдува на Украина по еден милион парчиња артилериска муниција годишно, но се уште е далеку од таа цел.

Лидерите на земјите-членки ќе се сретнат во четврток на вонреден самит во Брисел, каде главни теми ќе бидат ревизијата на седумгодишниот буџет, кој вклучува пакет помош од 50 милијарди евра за следните четири години, воена помош за Украина и ситуацијата на Блискиот Исток.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK