Без одобрение изградил куќа и помошен објект, кривична против маж од Дебар

debar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 70-годишниот Т.А. од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижност“ и „бесправно градење“, извести МВР.


„Тој, на катастарска парцела во државна сопственост, во атарот на дебарското село Елевци, неовластено и без соодветно одобрение издадено од надлежен државен орган, изградил куќа и помошен објект со што се стекнал со противправна имотна корист“, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK