Велковски: Државата е оставена во голема сиромаштија, следуваат отворање нови работни места и реформа на системот на социјална заштита

Велковски-Државата-е-оставена-во-голема-сиромаштија-следуваат-отворање-нови.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Моите заложби ќе бидат насочени кон реформа на системот на социјална заштита. Ќе се избориме против сиромаштијата и социјалната исклученост на нашите граѓани преку отворање на нови работни места како единствен услов за излез од оваа социјална криза”, е пoраката која денеска ја упати министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски при посетата на осумчленото семејство Кипријановски во кумановското село Љубодраг, кое неколку години живее во социјален ризик, без соодветна грижа и поддршка од државата.


„Семејството Кипријановски од Куманово е само едно од илјадниците семејства во Македонија, што сочинуваат фрапантна бројка од над 600-тини илјади граѓани кои едвај поврзуваат крај со крај, преживуваат некако на дното на општеството со по 50-тина денари дневно за личните потреби и потребите на домот. Овие деца и нивните родители имаат пари најмногу за еден оброк во денот, а каде се останатите оброци и како да се покријат сите останати трошоци во домот? Вакви слики не треба да има во нормални држави и тоа мора да се промени“, порача Велковски.

Тој посочи дека оваa фамилија е реалната слика за состојбата до која е доведена државата.

„Системот толку многу потфрлил, што наместо на родителите да им обезбеди можности за стекнување вештини, да им обезбеди пристојна работа и да им даде поддршка за издржувањето на нивните деца, ги довел до питачки стап и никој им нема подадено рака за да ги извлече од сивилото на кое од немајкаде, очигледно и се навикнале. Денес обезбедивме дополнителна поддршка. Се надевам дека ќе им ја вратиме надежта, довербата кон институциите и ќе почувствуваат дека промените доаѓаат“, додаде Велковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK