Инцидент на судењето на родителите на момчето-убиец, вербално нападната мајката на убиецот

Инцидент-на-судењето-на-родителите-на-момчето-убиец-вербално-нападната-мајката.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Вишиот суд во Белград беше одложено судењето на сопружниците Владимир и Миљана Кецмановиќ, родители на малолетник кој на 3 мај минатата година изврши масакр и уби девет деца и чуварот на ОУ „Владислав Рибникар“, а обвинителството и одбраната побараа родителите да присуствуваат на судењето и одбраната на Кецмановиќ.


Во судот беа присутни родителите на убиените деца кои во раце држеа слики од убиените деца.

Кога излегол адвокатот Боривој Боровиќ, кој го застапува семејството Кецмановиќ, родителите на убиените деца извикувале и го нарекле „злосторник“ и „лажго“, додека на обвинетата Миљана и рекле дека е „монструм“.

Таткото на момчето-убиец беше обвинет за тешко дело против општата безбедност, бидејќи со неговото оружје е извршен масакрот, додека неговата мајка е обвинета за недозволено поседување оружје поради ДНК трагата пронајдена на чаура на местото на злосторството.

За кривичното дело давање лажна изјава директно обвинети се претседателот на стрелачкиот клуб „Партизан практично стрелање“, Ратко И. и инструкторот во тој клуб Немања М.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK