Тројца приведени од Онкологија, меѓу нив е Нино Васев, потврдија директорите на Клиниката: Дојдоа со налог и ги приведоа, немаше разговори

Тројца-приведени-од-Онкологија-меѓу-нив-е-Нино-Васев-потврдија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата утрово привела тројца вработени на Клиниката за онкологија меѓу кои е и поранешниот директор Нино Васев, потврди организацискиот директор Халид Матоши. Заедно со него приведени се уште две лица вработени на Клиниката од кои едното е медицинско лице.


„Само дојдоа со налог кој треба да се приведе, не разговаравме. Од тука тројца се земени. Поранешниот директор и уште двајца вработени. Секретарката не се појави на работа денеска, може е земана од некаде, не знаеме, исклучен и е телефонот. Едното е медицинско лице и еден вработен“, рече организацискиот директор Матоши.

Медицинската директорка на Клиниката, Виолета Клисаровска извести дека и покрај приведувањата, Клиниката функционира во сиот обем.

„Клиниката работи и функционира нормално. Сите закажани пациенти, тековни прегледи, предвидени терапии на пациентите како и прием на нови пациенти, функционира нормално. Работат сите амбуланти, работиме со полн капацитет на Клиниката. Затоа замолувам да не се создава паника, никој од пациентите нема да биде вратен. Сите ќе ја примат предвидената и планираната терапија“, рече директорката Клисаровска.

По налог на Обвинителството утрово полицијата влезе во Клиниката за онкологија. Обвинителството за „Макфакс“ само кусо потврди дека се преземаат дејства по наредба на јавен обвинител Повеќе информации најавија во текот на денот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK