Кривична против тројца скопјани, криумчареле мигранти

migranti-u-kamionu-beogradske-registracije.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против 31-годишниот Е.Д., 47-годишниот Е.Ш. и малолетник, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, извести МВР.


„На 24.01.2024, полициски службеници го запреле третопријавениот, кој со патничко возило „фиат стило“ превезувал осум мигранти од Сирија, а кои второ и третопријавените ги договориле и организирале да ги превезе“, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK