Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, се врати дома по сложената операција на абдоменот, соопштија од Кенсингтонската палата.
Портпаролот рече дека таа „добro напредува во закрепнувањето“.
„Принцот и принцезата од Велс би сакале да упатат голема благодарност до целиот тим во Лондонската клиника, особено посветениот медицински персонал, за грижата што ја пружија. Семејството Велс се уште е благодарно за добрите желби што пристигнаа од целиот свет“, се наведува во соопштението на палатата.
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон мораше да оди на операција на абдоменот. Палатата Кенсингтон објави дека операцијата била успешна и дека принцезата ќе остане во болница помеѓу 10 и 14 дена.
Од палатата не сакаат да откриваат никакви детали за операцијата, но познато е дека и принцот Вилијам зел отсуство за да се грижи за својата сопруга и да се посвети на децата.
„Ова би можело да биде нешто што ја мачи цел живот и што не успеала да го реши навреме, или може да биде проблем што се појавил неодамна“, вели д-р Зои Вилијамс.