Легендарниот режисер Мартин Скорсезе откри зошто никогаш не ги гледа своите филмови во јавност

Легендарниот-режисер-Мартин-Скорсезе-откри-зошто-никогаш-не-ги-гледа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Познатиот режисер Мартин Скорсезе откри зошто не оди на јавни проекции на неговите филмови.

Во интервју за „Variety“, култниот режисер ги детализираше своите проблеми со гледањето филмови во кината, вклучувајќи ги и луѓето што „многу зборуваат и се движат наоколу“.

„Јас сум низок и секогаш има некој повисок пред мене. Исто е и со Бродвеј – не можам да одам во театар. Некој е пред мене и не можам да ја видам сцената или да ја слушнам изведбата”, вели Скорсезе и додаде дека како што старее се повеќе ужива гледајќи филмови во „Имакс“.

„Влегуваш, можеш да седнеш позади и некако да погледнеш нагоре“, рече тој, додавајќи дека е „многу важно да ги поддржува филмовите додека се на големото платно“.

„Killers Of The Flower Moon“ доби 10 номинации за Оскар оваа година, а филмот се враќа во американските кина овој викенд пред церемонијата на доделувањето на Оскарите во март. Запрашан за критичарите кои велат дека филмот е долг речиси три и пол часа и дека е предолг, Скорсезе изјави дека „изгледа дека им се допаѓа на многу луѓе“.

„Некои луѓе велат: Сакам да го видам повторно. „Не секој филм е за секого. Не секој роман е за секој читател, не секоја слика итн. Овој беше добар во оваа должина, а јас го чувствував тоа додека го гледав“, рече Скорсезе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK