Италија го суспендираше финансирањето на Агенцијата на ОН за палестинските бегалци

Италија-го-суспендираше-финансирањето-на-Агенцијата-на-ОН-за-палестинските.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Работиме на хуманитарна помош за Палестинците додека ја штитиме безбедноста на Израел, рече Тајани


Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска соопшти дека земјата го суспендирала финансирањето на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) поради нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

– Работиме на хуманитарна помош за Палестинците додека ја штитиме безбедноста на Израел – рече Тајани во објавата на платформата Х.

Претходно, Австралија и Канада, исто така, го прекинаа финансирањето на УНРВА, откако Израел обвини неколку вработени во агенцијата за вмешаност во нападот на Хамас врз јужен Израел во октомври. Пени Вонг, министерка за надворешни работи на Австралија, денеска изјави дека е многу загрижена поради обвинувањата против УНРВА, пренесува Гардијан.

Според неа, Австралија ја поддржува најавата за покренување истрага за наводите против организацијата. Вонг, исто така, истакна дека УНРВА спасува животи и обезбедува основни услуги во Газа директно на оние на кои им е потребна. Канадскиот министер за меѓународен развој Ахмед Хусен вчера објави дека Отава „привремено го паузира финансирањето на УНРВА додека не се спроведе детална истрага“.

Одлуките на Австралија и Канада дојдоа откако САД во четвртокот го суспендираа финансирањето на УНРВА, повикувајќи се на сомневања дека 12 членови на персоналот „можеби биле вклучени“ во нападот на Хамас што ја предизвика војната во Газа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK