Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против 45-годишниот Ј.Д. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„На 11.08.2023, пријавениот телефонски упатил закани кон вработен во Државниот инспекторат за транспорт – подрачна канцеларија Крива Паланка поради тоа што претходно, при контрола на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, констатирал дека со товарно возило се врши јавен превоз на стока без лиценца, по што презел соодветни мерки“, соопшти МВР.