Ѓоковиќ загуби во Австралија по 2.195 дена

Ѓоковиќ-загуби-во-Австралија-по-2195-дена.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На нереалната серија на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен и дојде крајот откако во полуфиналето загуби од Јаник Синер со 3:1 (6:1, 6:2, 6:7(6), 6:3).


Новак беше поразен за прв пат на Австралија опен од 22 јануари 2018 година, а од тогаш кога беше поразен од Хјеонг Чунг поминаа 2.195 дена.

Српскиот тенисер тогаш се мачеше со повреда на лактот, додека Синер овојпат беше навистина многу подобар.

Италијанецот не му дозволи ниту една брејк топка на Ѓоковиќ.

Без разлика на се, Ѓоковиќ останува на врвот на АТП листата најмалку уште еден месец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK