Украински беспилотни летала целеле на нафтена рафинерија во сопственост на Роснефт во јужна Русија, изјави украински извор, пренесе Ројтерс.
По нападот, во текот на ноќта избувна пожар во извозно ориентирани единици во градот Туапсе, во југозападниот дел на покраината Краснодар, но локалните руски власти рано утринава соопштија дека пожарот е изгаснат.
„Вакум единицата беше во пламен. Според прелиминарните информации, нема жртви или повредени“, изјави на Телеграм началникот на областа Туапсе Сергеј Бојко.
Largest Rosneft oil refinery on the Black Sea, Putin’s crony Sechin’s pride and joy, is ablaze in Tuapse after a reported drone attack. Perhaps the most effective sanctions against Russia to date pic.twitter.com/LwmFFwfF4C
— Maria Avdeeva (@maria_avdv) January 25, 2024
Немаше реакција од најголемиот руски производител на нафта. Според украинскиот извор, службата за безбедност СБУ ја погодила рафинеријата со беспилотни летала, кои, како што додава изворот, ќе продолжат да гаѓаат објекти кои обезбедуваат гориво за руските војници.
„СБУ удира длабоко во Руската Федерација и продолжува да ги напаѓа објектите кои не се само важни за руската економија, туку и оние кои обезбедуваат гориво за непријателските трупи“, изјави украински извор за Ројтерс.
Неофицијалните канали на Телеграм споделија слики од пожарот, потврдувајќи дека беспилотните летала се одговорни за нападот на рафинеријата.
Погодената фабрика има годишен капацитет од 12 милиони тони (240.000 барели дневно) и произведува нафта, мазут, вакуумски бензин и дизел со висока содржина на сулфур.