Кошаркарите на Феникс го победија Далас со 132:109 и ја забележаа седмата последователна победа во НБА лигата.
Санс во последно време играат одлично, се наоѓаат на шестото место на Западот со 26 победи и 18 порази.
Од друга страна, Маверикс имаат скор 24-20 и ја заземаат осмата позиција во истата конференција.
Девин Букер ги предводеше Санс со 46 поени, од кои 22 постигна во третата четвртина, а имаше и седум скока и три асистенции. Бредли Бил додаде 20 поени, седум скока и седум асистенции, а Кевин Дурент 12 поени, 10 скока и седум асистенции. Најефикасен во тимот на Маверикс беше Лука Дончиќ со 34 поени, девет асистенции и осум скока.
Словенецот беше во центарот на вниманието кога побара еден навивач да биде отсранет од трибините.
Еден навивач на Санс, кој седеше во вториот или третиот ред зад новинарите, постојано му дофрлаше на Дончиќ дека е „уморен и дека Санс се мајтапат со него“.
На прес конференцијата, еден новинар постави прашање во врска со инцидентот, на што Дончиќ нервозно му одговори со зборовите: „знаев дека тоа ќе ме прашаш, секогаш го правиш тоа, секогаш пишуваш грди работи за мене“.
“LUKA YOU TIRED, GET ON THE TREADMILL!”
Luka Doncic reaction to fan incoming.
Luka Doncic has since pointed out the fan, who is being talked to by arena staff.
Kyrie Irving walked over and was looking at the fan, who just left.#Suns 100 #Mavs 78 after 3. pic.twitter.com/6npgrJhj6J
— Duane Rankin (@DuaneRankin) January 25, 2024