Голем руски воен транспортен авион Ил-76 се урна во регионот Белгород во Русија, кој граничи со Украина. Авионот се урнал во областа Корочански, јавија руските медиуми, без да ја прецизираат причината за падот.
На социјалните мрежи се појави и видео од падот на кое се гледа како авионот наеднаш губи висина, а потоа експлодира.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во авионот имало 65 украински воени заробеници, од кои сите загинале во несреќата. Тие тврдат дека биле префрлени од руските сили за да бидат разменети за руски затвореници. Авионот превезувал вкупно 74 лица, вклучувајќи шест членови на екипажот и тројца чувари, кога се урнал, соопшти Министерството за одбрана.