24-часовниот штрајк на вработените во јавниот транспорт, кој го свикаа синдикатите на локално ниво, денеска го прекина сообраќајот на автобуси, метро и трамвај во повеќе италијански градови.
Во Милано, работи само централниот дел од линијата два, на миланското метро, помеѓу станиците Абијатеграсо и Кашина Гоба, објави „Анса“.
Синдикатите изјавија дека штрајкуваат, меѓу другото, поради платите, застапеноста на преговорите за обновување на колективниот договор и поддоговорите на работите со надворешни компании, пренесува Танјуг.