Чеферин: Знам дека бевме во право кога го казнивме Манчестер сити

Чеферин-Знам-дека-бевме-во-право-кога-го-казнивме-Манчестер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека Европската фудбалска унија со право го казнила Манчестер сити за кршење на правилата за финансискиот фер-плеј.


Во февруари 2020 година, УЕФА го казни Манчестер сити со 30 милиони евра и две годишна суспензија од европските купови.

Меѓутоа, во јули истата година, Спортскиот суд во Лозана ја укина таа суспензија поради недостиг на докази и застареност на случајот и му наложи на Манчестер сити да плати 10 милиони евра.

Премиер лигата минатиот февруари го обвини Сити за 115 наводни прекршувања на финансиските правила помеѓу 2009 и 2018 година, за време на кои тие три пати ја освоија Премиер лигата.

Во интервју за „Дејли Телеграф“, Чеферин изјави дека нема да се вмеша во случајот, туку дека доколку Премиер лиата го казни Сити, само ќе покаже дека одлуката на УЕФА била правилна.

„Знам дека бевме во право, да не бевме, немаше да ја донесеме таа одлука“, изјави претседателот на УЕФА.

„Како адвокат со кариера долга 25 години, знам дека понекогаш добивате случај за кој сте сигурни дека ќе го изгубите. А понекогаш, губите случај кога сте сигурни дека ќе победите. Само во сериозна демократија треба да ја почитувате одлуката на суд. Не сакам да зборувам за случајот во Англија. Но, верувам дека одлуката на нашето независно тело беше исправна. Јас немав никакво влијание на таа одлука“, изјави Чеферин.

Во Англија за истото беа обвинети Евертон и Нотингем Форест, а во ноември минатата година на Евертон му беа одземени 10 бода.

Извршниот директор на Премиер лигата Ричард Мастерс изјави дека е закажано сослушување, но не прецизираше датум.

Шампионот на Англија и Европа, Манчестер сити, негираше дека ги прекршил правилата.

Доколку Сити биде прогласен за виновен, се соочува со исклучување од Премиер лигата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK