На пазарот Хеко во Сараево денеска избувна пожар кој пожарникарите на Професионалната противпожарна бригада (ПВБ) на кантонот Сараево се уште не успеале да го изгаснат, пишува „Кликс“.
Како што изјавија за „Кликс“ од Професионалната противпожарна бригада на кантонот Сараево, веднаш по пријавувањето на пожарот, на местото на настанот се испратени две противпожарни возила.
„Пожарникарите многу брзо го локализираа пожарот, а сега се работи на целосно гаснење“, велат од противпожарната бригада.
Оттаму додаваат дека на помош пристигнало трето противпожарно возило и дека пожарот наскоро целосно ќе биде изгаснат.