Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 16 часот го лишиле од слобода 37-годишниот М.Р. од гостиварско село.
Tој бил пријавен од неговата 62-годишна мајка дека во семејниот дом физички ја нападнал.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.