Покетино очајнички посакува трофеј со Челси

Покетино-очајнички-посакува-трофеј-со-Челси.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека очајнички посакува да го освои првиот трофеј во англискиот фудбал. Челси ќе се бори за трофејот во Лига купот, откако со вкупен резултат 6:1 го порази Мидлсброу. .


„Очајно сакам да освојам трофеј овде. За една и пол година во ПСЖ освоив три трофеи, сега сакам еден во Англија. Очајно сакам да победам, се разбира“, изјави Покетино, пренесе Би-Би-Си.

Челзи во финалето на 25 февруари на Вембли ќе игра со победникот од двомечот меѓу Фулам и Ливерпул.

Ова е прво куп финале за Челзи откако ги загуби финалето на Лига Купот и ФА Купот од Ливерпул на пенали во 2022 година.

Водејќи го Тотенхем, Покетино го загуби финалето на Лига купот од Челзи во 2015 година и финалето во Лигата на шампионите од Ливерпул во 2019 година.

Аргентинецот летово го презеде Челзи, тимот играше лошо во првиот дел од сезоната, но победи на пет од последните шест натпревари во сите натпреварувања.

Челзи во петок ќе игра на домашен терен против Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK