Матиќ се договорил со Бешикташ

Матиќ-се-договорил-со-Бешикташ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Немања Матиќ ќе стане нов фудбалер на Бешикташ од Истанбул, пренесуваат турските медиуми.

Според овие извори неколкудневните преговори меѓу Рен и Бешикташ завршиле успешно. Матиќ во петок ќе пристигне во Истанбул каде треба да потпише 18-месечен договор.

Матиќ има договор со Рен до 2025 година, но откако објави дека сака да замине неколку клубови покажаа интерес. Рен за француските клубови постави оштета од пет милиони евра, но е подготвен да дозволи трансфер во Бешикташ по нешто пониска цена, пренесува „Хуријет“.

Матиќ кариерата ја започна во Колубара, а потоа играше за Кошице, Бенфика, Челзи, Манчестер јунајтед, Рома и Рен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK