Левицата: Во државна институција во Тетово истакнато само албанско знаме – ДПМНЕ молчи пред коалициониот партнер

Левицата-Во-државна-институција-во-Тетово-истакнато-само-албанско-знаме.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

До политичката партија Левица од страна на загрижени граѓани пристигнаа информации дека на јавна институција, државен инспекторат истакнато е само албанското знаме, без државното знаме, информираат од оваа партија.


„Иако овој иредентистички чин на сецесионистот Билал Касами е во директна спротивност со Уставот и Законот за употреба на знамињата на заедниците, јавноста со години е сведок како институциите не постапуваат пред ваквото флагрантно понижување на државните симболи.

Односно, Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, децидно предвидува дека при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија. Истакнувањето само на албанското знаме, освен што ги подгрева меѓуетничките тензии, претставува грубо прекршување на Уставот и на горенаведените закони“, потенцираат во нивната информација.

Оценуваат дека е опасен молкот на ДПМНЕ пред континуираниот иредентизам на нивниот коалиционен партнер Касами, со кој го сочинуваат мнозинството во Советот на општина Тетово. Јавно прашуваат дали ДПМНЕ го толерира анти-македонизмот на Касами заради секретарското место во општината и директорите на јавните претпријатија, кои ги добија ДПМНЕ заради поддршката на Касами.

Левица алармира дека целото делување на Касами претставува опасен удар кон унитарноста на државата, што се надоврзува, како што велат, на неговата изјава дека Македонија ќе стане трета албанска држава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK