Посебен сообраќаен режим на булеварите „Туристичка“ и „Асном“ во Охрид

Посебен-сообраќаен-режим-на-булеварите-„Туристичка-и-„Асном-во-Охрид.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, известува дека, од денеска на сила ќе биде посебен режим во сообраќајот на булеварите „Туристичка“ и „Асном“ во Охрид.

Поради значителните оштетувања на коловозите на овие сообраќајници, предизвикани од дефект на водоводна мрежа, ќе нема можност за нормално одвивање на сообраќајот по булеварот „Туристичка“ од крстосница со „Асном“ до улицата „Јане Сандански“ и крстосницата на булеварот „Туристичка“ до улицата „Никола Карев“.

Надлежните апелираат до учесниците во сообраќајот, да бидат внимателни, да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација како и насоките на полициските службеници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK