СДСМ: Продолжува мерката за замрзнување на цените, инфлацијата се намалува

СДСМ-Продолжува-мерката-за-замрзнување-на-цените-инфлацијата-се-намалува.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните, велат од владејачката партија.


Појаснуваат дека мерката за замрзнување на цените продолжува да важи до 29 февруари 2024 година.

Според СДСМ, по замрзнати цени ќе продолжат да се продаваат основните прехранбени производи, оризот, брашното, лебот, други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи.

„Пакетот мерки за заштита на стандардот на граѓаните даде резултат а истовремено се намалува инфлацијата. Пред една година стапката на инфлација кај храната изнесуваше 20 отсто, а сега е сведена на само 0,1 отсто кај храната, додека вкупната стапка на инфлација е намалена и изнесува околу 3,5 отсто“, се потенцира во нивното соопштение.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK