Во Улан Батор, Монголија, дошло до експлозија на резервоар со 60 тони гас. Има загинати и повредени, но информациите за нивниот број се различни.
Порталот „News.mn“ објави дека загинале шест лица, а десет се повредени, додека други локални медиуми објавија дека има 24 загинати, но оваа информација не е потврдена.
Противпожарни екипи, брза помош и полиција се на терен. Според изјавите на очевидци, по експлозијата пожарот брзо се проширил на околните автомобили, станбените згради и пазарот.
Локалните медиуми јавуваат дека до експлозијата довеле лошите услови за возење поради мразот.
Во тек е евакуација на жителите од околните згради.