Морган Рибеиро (20), која со години била малтретирана поради својот изглед, почина во Белград по неуспешната операција за намалување на стомакот во Турција. Таа починала во Белград откако и се слошило во авионот додека се враќала дома
На Морган и се слошило во авионот додека со своето момче Џејми се враќала дома од Истанбул. Авионот принудно слетал во Белград, каде било откриено дека има инфекција и дека ѝ е исечено тенкото црево при операција на желудникот, која чинела 3.000 евра. Морган почина на 13 јануари.
Според Мирор, Морган отпатувала во Турција на операција на намалување на желудникот со надеж дека тоа ќе стави крај на малтретирањето со тежината што и го уништило животот.
Неколку дена пред операцијата таа го објави последното видео на TikTok.
„Мојот последен пост пред операцијата за слабеење – се гледаме од другата страна“, пишува на видеото.
На 9 јануари, Морган доживеа срцев удар и почина четири дена подоцна во 4 часот наутро.
Тоа беше прв пат Морган да отпатува во странство, пишува Мирор.