Локалната власт на ДПМНЕ создаде хаос со јавниот превоз во Скопје.
ЈСП го доведе на раб на функционалност, да нема автобуси, граѓаните да не можат да стигнат никаде навреме а вработените да не може да земат плата.
Иако ДПМНЕ во Советот на град Скопје има мнозинство и е власт, на вчерашната вонредна седница одби да ги поддржи субвенциите за ЈСП, одби на вработените да им се префрлат средства за да може да им се исплати плата, истакна на денешната прес-конференција Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.
„Срамно, тажно и само заради лични хирови на Мицкоски, советниците на ДПМНЕ се противеа на доделување финансиски средства за да може да функционира ЈСП.
Мораше да биде свикана уште една вонредна седница со голема поддршка од повеќе советнички групи во Советот на Град Скопје за да може да продолжи со работа ЈСП, а вработените да земат плата.
Советниците на СДСМ и коалицијата се на страната на работниците и на страната на скопјани и Ве уверуваме дека ќе продолжиме да делуваме во интерес и за доброто на граѓаните“, прецизира Шутаров.
Оценува дека сеопфатно решение за јавниот превоз во Скопје има. Тоа, како што истакна е „Бас Рапид Транзит“, и според него, што поскоро овој проект треба да се релизира.
„За жал 2,5 години ДПМНЕ го кочи проектот за БРТ, проект за кој има обезбедено финансиски средства, идејно решение, гарантиран проект од страна на ЕБОР, Владата, Министерството за финансии и Собранието, проект во кој Град Скопје нема да има никакви финансиски обврски. БРТ се кочи само заради лични и политички хирови“, додава Шутаров.