Осум лица во воен авион на Мјанмар се повредени откако се излизгал од пистата на аеродром во североисточната индиска држава Мизорам, јавува „Anadolu“.
Според официјалните лица, во авионот што слета на аеродромот Ленгпуи за да ги врати војниците од Мјанмар кои минатата недела преминаа во соседна Индија за да побараат засолниште, имало вкупно 14 лица.
„Повредените се пренесени во болница“, изјави за „Анадолу“ Назук Кумар, висок официјален претставник во Мизорам.
Минатата недела, најмалку 276 војници од Мјанмар влегоа во индиската држава Мизорам за да бараат егзил.