Столтенберг: Нема директна воена закана од Русија кон членките на НАТО

Столтенберг-Нема-директна-воена-закана-од-Русија-кон-членките-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

НАТО не гледа непосредна воена закана од Русија кон ниту една членка на Алијансата, но ќе продолжи со операцијата за одвраќање преку претстојната воена вежба „Steadfest Defender“, најголемата во последните неколку децении, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.


Тој рече дека Алијансата го прави сето ова за да го отстрани секој простор за погрешно проценување или недоразбирање во Москва за подготвеноста на НАТО да ја заштити секоја педа од својата територија, пренесува Ројтерс.

„Се додека го правиме тоа, нема да има напади на територијата на НАТО“, рече Столтенберг.

Околу 90.000 војници ќе учествуваат на претстојната вежба „Steadfest Defender 2024“, која започнува во февруари и ќе трае до мај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK