(Видео) Навални од Арктикот: Секое утро во 5 часот пуштаат песна за Путин

Видео-Навални-од-Арктикот-Секое-утро-во-5-часот-пуштаат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најпознатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални тврди дека откако бил отруен, нападнат и затворен без соодветна медицинска нега – се соочува со нов предизвик: тој е принуден да слуша поп-пејач што го поддржува Путин секое утро во 5 часот наутро.

Навални (47), поранешен адвокат кој влезе во политиката пред повеќе од една деценија критикувајќи ја елитата на Путин и корупцијата, е во затвор на околу 60 километри северно од Арктичкиот круг.

Вели дека секое утро по будењето мора да ја слуша руската химна, по што почнува „Ја Рускиј“ (Јас сум Русин), патриотска песна во изведба на пејачот Шаман, на разглас.

Во пораката објавена на X од неговите сојузници, Навални ја опиша својата утринска рутина.

„Пејачот Шаман стана познат кога веќе бев во затвор, па не можев да го видам или да ја слушам неговата музика. Но знаев дека тој стана главниот пејач на Путин. И дека неговата главна песна беше “Јас сум Русин””, вели Навални.

„Секако дека ме интересираше како звучи, но каде да го слушам во затвор. А потоа ме донесоа во Јамал. И овде секој ден во 5 часот наутро слушаме наредба: „Стани! “, проследена со руската национална химна, а веднаш потоа свири втората најважна песна во земјата – „Јас сум Русин“ од Шаман“, рече тој.

Навални е во затвор, неговото движење е забрането, а повеќето негови главни поддржувачи избегаа во странство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK