Декстер Скот Кинг, помладиот син на покојниот активист за граѓански права Мартин Лутер Кинг и Корет Скот Кинг, почина од рак на простата, соопшти Кинг центарот во Атланта.
Неговата сопруга Леа Вебер Кинг изјави дека тој починал во сон во својот дом во Малибу, Калифорнија. Имаше 62 години.
„Тој даде се од себе и се бореше со оваа страшна болест до крај. Како и со сите предизвици во животот, храбро и силно се соочи со оваа пречка“, истакна таа.
Декстер Кинг е роден во Атланта на 30 јануари 1961 година и го добил името по баптистичката црква во Монтгомери, Алабама, каде што неговиот татко прв пат бил пастир.
Тој имаше седум години кога неговиот татко беше убиен во Мемфис, Тенеси, во 1968 година.
Декстер Кинг тргна по стапките на својот татко и присуствуваше на колеџот Морхаус во Атланта. До неговата смрт, тој беше претседател на Кинг Центар и Кинг Естејт. Тој исто така беше актер и го толкуваше својот татко во филмот „Приказната на Роза Паркс“ од 2002 година.