(Видео) Арсовска: Правда мора да има, а советниците на ВМРО-ДПМНЕ се изживуваа со вработените во ЈСП и граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска изрази благодарност до оние советници кои, како што оцени денеска покажале одговорност, совесност и храброст во носењето на одлуките.



Арсовска во својот статус на социјалните мрежи, а во врска со случувањата во ЈСП, истакна дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ по диктат на Мицкоски оставиле над 1.000 семејства без плата а илјадници скопјани без превоз.

„За жал, тоа не беа советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои по диктат на Мицкоски оставија над 1.000 семејства без плата, и илјадници скопјани без јавен превоз – овој срам не се пере.
И покрај тоа што со нив се изживуваа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, сепак морам да изразам благодарност до Синдикатите во ЈСП кои утрово не ги оставија без превоз учениците и лицата на кои највеќе им треба превоз“, напиша Арсовска.

„Правда мора да има“, потенцира во напишаното градоначалничаката на Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK