Од утре се очекува нормализација на градскиот превоз, изгласани субвенциите за ЈСП

Привремен-режим-на-сообраќај-на-крстосницата-на-булеварот-АСНОМ-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Со 25 гласови “За“ Советот на Град Скопје на повторената вондредна седница донесе одлука со која се одобруваат субвенциите за ЈСП во вредност од 11 милиони евра.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на седницата преку амандмани се обидоа да ги намалат овие средства за речиси една третина но тоа не беше прифатено од останатите советници и за градоначалничката Арсовска која кажа дека на овој начин, пари за претпријатието ќе има само за неколку месеци а дополнителен проблем е што се влегува во предизборен период каде советот ќе нема можност да доделува пари.

Во очекување да се изгласа оваа точка, вработените во претпријатието во знак на протест поради неисплатената декемвриска плата, утрово во 9 часот прекинаа да сообраќаат по скопските улици.

Барањето за доделување субвенции го поддржаа 25 члена на Советот, а немаше воздржани или оние кои гласаа „против“.

Оваа одлука беше дочекана со аплауз од дел од советниците.

Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, пред да бидат ставени на гласање амандманот и одлуката за субвенции, рече дека треба да се даде можност, советниците да го посетат ова претпријатие и да можат да ги видат со кои проблеми се соочува.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK