ДПМНЕ остави без пари 1.300 семејства поради хировите на Мицкоски со Данела, велат Левица

ДПМНЕ-остави-без-пари-1300-семејства-поради-хировите-на-Мицкоски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска на вонредната седница на Советот на Град Скопје, за еден глас поради негласањето на советниците на ДПМНЕ не беа исплатени субвенциите за ЈСП, со што работниците и нивните семејства останаа на цедило, без пари и понижени.


Советниците на Левица веднаш ќе побараат нова вонредна седница за да не бидат жртви работниците на елитистичките хирови на раководството на ДПМНЕ, затоа што не можат политичките желби на отуѓената елита да ја диктираат мизеријата на луѓето, велат од партијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK