Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје против решение на судија на претходна постапка со кое на 12.01.2024 година на Љ.Ќ за кој постои основано сомнение дека учествувал во настаните во М-НАВ, му определи мерка куќен притвор и дополнителна мерка за претпазливост – Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, донесе решние со кое:
Жалбата на Јавниот обвинител се уважува и на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена.
Против ова решение не е дозволено право на жалба, информираат од Основниот кривичен суд.