Американскиот претседател Џо Бајден денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за развојот на ситуацијата во Израел и Газа, соопшти Белата куќа, додека израелската армија ја продолжува воената операција во јужниот дел на Појасот Газа.
Засега не се објавени детали од разговорот, но Белата куќа соопшти дека подоцна ќе објави соопштение.
Разговорот на Бајден со Нетанјаху дојде откако претставници на Црвената полумесечина пријавија „интензивен оган од израелски беспилотни летала врз цивили во болницата Ал-Амал“ во Кан Јунис, главниот град на јужниот дел во Газа.
Израел започна голема акција против Кан Јунис оваа недела за да го освои градот за кој вели дека сега е примарна база за борците на Хамас кои ги нападнаа израелските градови на 7 октомври, убивајќи 1.200 луѓе и предизвикувајќи војна што го опустоши Појасот Газа.
Министерството за здравство на Газа соопшти дека 142 Палестинци се убиени, а 278 се повредени во Газа во изминатите 24 часа, со што бројот на загинати од повеќе од три месеци војна се искачи на 24.762.