Трамп бара од Врховниот суд да му дозволи да учествува на прелиминарните избори во Колорадо

Трамп-бара-од-Врховниот-суд-да-му-дозволи-да-учествува.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Адвокатите на Доналд Трамп вчера побараа од Врховниот суд на САД да ја поништи судската одлука со која се дисквалификуваше поранешниот претседател од републиканските прелиминарни избори во Колорадо додека судиите се подготвуваат да се зафатат со политички експлозивниот случај.


Во судските документи, адвокатите на Трамп ги изложија главните аргументи на поранешниот американски претседател против одлуката на Врховниот суд во Колорадо од 19 декември со која му се забранува да се кандидира за функцијата поради неговите постапки поврзани со нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, повикувајќи се на 14 амандман на Уставот на САД.

Усното рочиште за случајот судиите го закажаа за 8 февруари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK