ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 38-годишната С.Н. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, извести МВР.
Пријавената, со запоставување на својата родителска должност за грижа и воспитување, своите три малолетни деца и ги присилила да питачат во Дебар, соопшти МВР.