Спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота, уште еднаш на светот му покажа дека е мајстор на својот занает.
Марота успеа да донесе уште едно квалитетно засилување во клубот и тоа потполно бесплатно.
Имено, од летото нов член на Интер ќе стане напаѓачот на Порто, Мехди Тареми.
Овој 31-годишен Иранец не го продолжи договорот со „змејовите“ и реши да потпише две годишен договор со Интер.
Тареми оваа сезона одигра 24 натпревари за Порто и постигна шест гола со четири асистенции.