Тренчевска: Продолжуваме со соработката со општините во делот на детската заштита

Тренчевска-Продолжуваме-со-соработката-со-општините-во-делот-на-детската.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на состанок со градоначалниците го најави повикот за аплицирање за грант за креирање на дополнителни места во предучилишните установи преку адаптации на постојни објекти.


Јавниот повик го имплементира Министерството за труд и социјална политика преку Проектот за подобрување на социјалните услуги и финансиската поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој. Повикот е во рамки на компонента 2 од проектот – “Проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на предучилишните услуги” каде се финансираат проекти за креирање на дополнителни капацитети во предучилишните установи преку адаптации на постојни објекти.

„Ги охрабрувам сите општини кои се во рурални средини да аплицираат, на тој начин ќе ги опфатиме најзагрозените деца кои живеат далеку од градинка. Детската заштита останува да биде наш приоритет. Затоа иницираме соработки со локалните самоуправи кои ќе придонесат кон еднакви можности за сите деца“ рече Тренчевска.

Јавниот повик ќе биде отворен до 01.04.2024та година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK