Вчера на регионалниот пат Куманово – Општина Арачиново, кај Ново Село, кумановско, автомобил „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од В.С.(25) од Куманово, излета надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатникот Ф.А.(48) и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Општата болница Куманово, објави МВР.
Извршен бил увид.