За време на 75-то доделување на Еми наградите, им беше оддадена почит на уметниците кои починаа во последните година и пол. Сегментот „Ин Мемориам“ секогаш предизвикува солзи, а фановите на Метју Пери беа особено погодени кога се пушташе тематската песна на „Пријатели“.
Музичарот Чарли Пут ја изведе песната See You Again додека на екранот се појавија имињата на починатите уметници. Последната фотографија што ја покажаа беше на актерот Метју Пери, а Чарли (со придружни вокали) испеа дел од песната I’ll Be There For You.
https://www.youtube.com/watch?v=35WRJbdGJg4
Луѓето на социјалните мрежи беа трогнати.
„Еми наградите така му оддадоа почит на Метју Пери. Тој секогаш ќе биде тука за нас“, „Не бев подготвен за Метју Пери на крајот“, коментираат тие.
I was not ready for Matthew Perry at the end 😩 #Emmys2024 #EmmyAwards #Emmys pic.twitter.com/Iq5yMWXfza
— Marie Cervantes (@9woodMac) January 16, 2024
На доделувањето на Еми беа одликувани многу починати уметници, меѓу кои Сузан Сомерс, Пол Рубенс, Барбра Волтерс, Лесли Џордан, Ленс Редик, Ричард Раундтри, Ангус Клауд…