Вчера во 14.30 часот во СВР Куманово, 27-годишен маж од Тетово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2.000 евра, извести МВР.
„Според пријавеното, лицето лажно се претставило како вработен во фирма за градежништво и, откако телефонски се договориле за купопродажба на градежен материјал во Куманово, му ги дал парите. Како што е пријавено, кога отишол во градежната фирма сфатил дека е измамен“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.