СВР Скопје поднесе кривична пријава против 60-годишниот В.Ф. и 28-годишниот О.Ф., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, извести МВР.
„На 02.10.2023 на крстосница од Качанички пат со булевар „Словенија“ во Скопје, пријавените физички нападнале полициски службеници“, соопшти МВР.