Брод погоден од проектил во Црвеното Море, пловел под знамето на Малта и е во сопственост на Грција

Брод-погоден-од-проектил-во-Црвеното-Море-пловел-под-знамето.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО) објави нов сериозен инцидент во Црвеното Море, кој се случил на околу 100 наутички милји северо-западно од градот Салиф во Јемен.


Британската поморска безбедносна компанија „Амбри“ објави дека товарен брод  кој пловел под знамето на Малта и е во сопственост на Грција бил погоден со проектил.

Засега не се знае дали има загинати или повредени во нападот, како и големината на штетата. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот, но се претпоставува дека станува збор за нов напад на јеменските исламистички бунтовници Хути.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK