Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со шефот на мисијата на Европската Унија Дејвид Гир, каде што ги нагласија клучните чекори направени кон пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, како и главните заеднички достигнувања на кои посветено работат на патот кон ЕУ .
Вицепремиерот Маричиќ изрази благодарност за непроценливото вклучување и ангажман на амбасадорот за евроинтеграцијата на државава. Истакната беше важноста од соработката која што не само што ги зајакнува билатералните врски, туку и ја поттикнува Северна Македонија кон успешно реализирање на важните процеси, на патот кон успешно реализирање на реформите, на патот кон полноправно членство во ЕУ до 2030 година.
Маричиќ на средбата напомена дека соработката со амбасадорот Гир е доказ за трајното партнерство меѓу Северна Македонија и ЕУ, посветеноста и заедничкиот интерес да бидеме дел од Европската Унија.
Вицепремиерот истакна дека Северна Македонија останува решителна, ги негува заедничките вредности, демократските принципи и клучното партнерство со европската заедница, кое игра најважна улога во развој на државата по европски стандарди.
Поддршката која доаѓа од ЕУ е од огромна важност за нашата држава и е сигнал за ефикасно и ефективно надминување на предизвиците во текот на преговарачкиот процес – истакна Маричиќ.