Како телефоните на преклоп Galaxy Z Flip5 и Fold5 го освоија светот?

samsung_Galaxy_fold5_flip5s_pen_product_icy_blueocean_green_LI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Samsung изминатата година направи вистинска револуција во светот на преклопните телефони. Со лансирањето на двата модела Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5 отпочна новата ера на иновации за телефоните на преклоп и се поставија нови стандарди за целокупното искуство со мобилните уреди. Но, на што се должи извонредноста и успехот кој го постигнаа овие телефони во светот?

Galaxy Z Flip5: Неодолив дизајн, тренди и супер перформанси спакувани во едно!


Galaxy Z Flip5 на прва ги плени своите клиенти со ултимативниот кул изглед, беспрекорен дизајн и елеганција на уредот, особено припадничките на понежниот пол, како и младата популација од Џен Зи.  Кога е затворен Galaxy Z Flip5 нуди повеќе можности од кога било досега. Мал e како компактно огледало и совршено легнува во вашата дланка, што го прави искучително лесен за носење и вметнување во секој џеб или ташна. Љубовта кон малите ташнички сега може да се оствари и да ги прати модните треднови, бидејќи овој уред ќе застане и во најмалите од нив секој пат кога треба да изгледате свечено или елегантно. Новиот надворешен екран Flex Window е драстично поголем од својот претходник и изнесува 3,4 инчи во целосна правоаголна форма. Токму поради фактот дека ова е најголемиот надворешен екран досега на Самсунг флип телефоните, на него брзо и лесно се пристапува до сите важни информации. Без да треба да го отворате уредот, можете да ја прегледате и историјата на повици за да враќате пропуштени повици и да одговарате на пораки во движење, користејќи Quick Reply со целосна QWERTY тастатура.

Најразновидното искуство со камерата Galaxy Z Flip5 ги изненади дури и младите. Висококвалитетни селфи фотографии со помош на задната камера, снимање импресивни фотографии без раце и од креативни агли со FlexCam, Super Steady стабилизацијата на камерата со која ќе добивате непречени снимки и слики во движење, се само дел од што овој уред може. Ноќните снимки и фотографии се просто совршени бидејќи тука се извонредните подобрени можности со Nightography.

Galaxy Z Fold5: Замислете, таблетот или лаптопот во вашиот џеб!

Поголемиот телефон на преклоп Galaxy Z Fold5 кога ќе го отворите, тој станува уред кој во целост може да го замени вашиот таблет, а во одредени ситуации и вашиот лаптоп. Моќта на извонредниот, голем екран со елегантен дизајн  понуди неспоредлива леснотија при носењето на овој уред со тежина од само 253 грама и дебелина на телефонот од 13,4 мм. Главниот екран од 7,6 инчи на Galaxy Z Fold5 е заслужен за револуционерното искуство за мултитаскинг на мобилен телефон и широк опсег на подобрени функции со кои на лесен и едноставен начин може да се извршуваат повеќе задачи и да се пренесуваат содржини помеѓу повеќе апликации. Дополнително, потенкиот и покомпактен дизајн на S Pen Fold Edition овозможува секој да ја ослободи својата креативност во секое време, на кое било место.

Но, не е Galaxy Z Fold5 само полн погодок за сите професионалци, туку е рај и за гејмерите и сите оние љубители на добри фимови и серии. Гејмерите особено уживаат, бидејќи мобилната платформа ја подобрува графиката и користи вештачка интелигенција за да овозможи динамична игра и multi-game функционалност. А главниот екран од 7,6 инчи овозможува простран и непрекинат приказ за да уживате во своите омилени филмови или серии, видеа или игри.

Додадената вредност на поврзаноста во Samsung екосистемот

Беспрекорната поврзаност на помеѓу Galaxy уредите создава совршена синергија во Samsung екосистемот, па така со еден клик Galaxy Z Flip5 или Galaxy Z Fold5 се поврзува со новиот таблет од линијата Galaxy Tab S9 лансирана заедно со телефоните на преклоп, за да го подобрите вашето искуство со мултимедијално гледање, или пак да продолжите да креирате на поголем екран. Исто така, рачните часовници Galaxy Watch6 или Galaxy Watch6 Classic кои зачувуваат податоци за вашето здравје, можете веднаш да ги поврзете со вашиот телефон каде истите веднаш ќе се пренесат за полесно и попрегледно следење. Или пак, од рачниот зглоб да правите селфи фотки од далечина фатени од неверојатни агли со Galaxy Z Flip5. А за аудио искуството да кристално чисто и беспрекорно, се грижат слушалките Galaxy Buds2 Pro создадени за уживање во музика и содржин од уредите со автоматско пренесување на датотеки меѓу нив, со помош на опцијата Quick Share.

Секојдневното користење на телефонот повеќе не е само рутинска навика, туку благодарение на Samsung, тоа стана постана активност за уживање без разлика дали го користите за забава или работа.

Искористете ја промотивната понуда која се уште трае!

Моментално сé уште  е активна промотивната понуда YouTube Premium која ви следува доколку се одлучите за еден од овие Galaxy уреди. Можете да добиете четри месеци бесплатно непречено гледање на YouTube Premium и да уживате во омилените содржини без прекинувања од реклами и без wi-fi мрежа. Побрзајте, и направете ги овие празници уште повесели!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK