Изведба на оперскиот бисер „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи на 26 јануари

Изведба-на-оперскиот-бисер-„Кавалерија-рустикана-од-Пјетро-Маскањи-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Tрагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата што се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, прикажани во операта „Кавалерија рустикана“, на сцената на Националната опера и Балет ќе се изведе на 26 јануари, со почеток во 2 ч. „Кавалерија рустикана“ е едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори во другите опери што ги создал по неа.


Ќе се изведе под диригентската палка на гостинката од Украина, Оксана Мадараш, а во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор: Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат: Сандра Митровска во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Ристе Велков како Алфио, Катерина Стојановска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија во придружба на хорот и оркестарот од Националната опера и Балет.

„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведувани оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK