Рекордни минус 50 степени: во Америка снег и мраз, десетици илјади луѓе без струја, четири лица загинаа

Рекордни-минус-50-степени-во-Америка-снег-и-мраз-десетици.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку четири лица загинаа во снежната бура и арктичкиот студен бран со рекордно ниски температури што зафатија делови од САД.


Студениот бран се прогнозира да трае најмалку до средината на неделата. Температурата во американските сојузни држави Монтана и Јужна и Северна Дакота ќе се спушти до 50 степени под нулата.

Националната метеоролошка служба соопшти дека се очекува температурите да се спуштат до 30 степени под нулата во областа од северните карпести планини до северниот дел на Канзас и Ајова, пренесе АП. Десетици илјади луѓе на северозападот на САД останаа без струја, а снежна бура ги погоди југот и североистокот на земјата.

Во американската сојузна држава Орегон повеќе од 120.000 домови и деловни објекти останаа без струја поради снежната бура. Во американската сојузна држава Тексас, државниот оператор на електричната мрежа утрово апелираше до жителите да штедат струја, бидејќи поради студеното време е забележана рекордна потрошувачка.

Многу летови низ САД беа откажани поради невремето. Во американската сојузна држава Флорида за денеска и утре се предвидуваат врнежи од дожд и грмотевици.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK